Вести Македонија Топ вести

Поранешниот ген-сек на владата, Зеќири не чувствува вина за злоупотреба на службената положба

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири не се чувствува виновен за злоупотреба на службената положба за што го гони Обвинителството за организан криминал. Вака се произнесе на првото рочиште од судскиот предмет во кој одговара дека склучил два консултански договори без почитување на Законот за јавни набавки и го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 милиони денари.

Обвинителката Катерина Коларевиќ рече дека Зеќири, како генерален секретар на Владата, свесно не спровел соодветна постапка за јавни набавки и дека обвнитлеството ќе докаже дека тој, иако со заклучок од Влада бил задолжен да спроведе постапка за ангажман на консултантски фирми за реструктуирање на Пошта и соодветен модел на приватизација на Железници, Владата не го ослободила од почитување на законите, ниту му дала одврзани раце да склучи договор во четири очи.

„Законот за јавни набавки е донесен за да постои конкуренција и еднаков третман меѓу економските оператори како и низ транспарентна постапка да се трошат државните пари“, рече Коларевиќ и најави дека има докази, материјални докази, сведоци и вештачења со кои што ќе го докаже обвинението.

Адвокатот на Зеќири, Владимир Андреевски, одговори дека од обвинителката слушнал полуполитички говор за принципи и цели, а не чул и не видел конкретно која законска одредба ја прекршил Зеќири.

Одбраната, рече тој, ќе докаже дека не само што не го прекршил законот, тој не направил ни штета, туку дека напротив целта била да се склучат договори за изнаоѓање на модели за загубарите кои со години трупале долгови, а никој не сносел одговорност за тоа. Одбраната очекува ослободителна пресуда и предлага листа на сведоци меѓу кои се министерот Бочварски, вицепремиерот за економски прашања Битиќи и поранешниот директор на Пошта, Јани Макрадули.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе