Вести Македонија

Кратење бонуси и додатоци – прв поништен колективен договор во Земјоделие

Ќе царуваат ли дрвокрадците ако шумската полиција бојктира? – Ова се само дел од дилемите, откако синдикатот на управата и вработените во земјоделие ги открија намерите на Владата да го суспенедира колективниот договор. Но, затоа министерот за земјоделство, Љупчо Николовски ќе заработи кривична пријава од УПОЗ, бидејќи ќе го сметаат за виновен ако не им се исплаќаат додатоците на вработените пропишани со колективниот договор. Стекнати права, не можат да се намалуваат, а вработените стравуваат дека ќе останат со ниски плати без овие бонуси.

УПОЗ бара, вработените ќе тужат.

Земјоделие со барање до Владата и државниот пазарен инспекторат на труд да направи надзор на колективниот договор на вработените во министерството. Оттаму, смируваат платите нема да се кратат и редовно ќе се исплаќаат, но проблем се бонусите.

„За нереалните права овозможени со колективниот договор, пример се правата за вработените во МЗШВ по основ на јубилејна награда во висина од 200%, 250%, 300% од просечната плата, кои во време на економска и енергетска криза кога сите граѓани, стопански субјекти, владини и невладини организации се трудат да придонесат со своите постапки за полесно справување со кризата, синдикатите потписници на договорот незаконски ги бараат исплатите со буџетските средства за надоместоци и до 300% од просечната плата, на штета на целиот буџет на државата и граѓаните,“ информираат од МЗШВ.

Од синдикатот на вработените во управата сметаат дека е прекршување на законот со кој забранува вработените да добиваат бонуси. Пред еден месец владата се обрати и побара од сите владини институциите да направат план како да ги намалат трошоците, а во документот на 12 страни беа спомнати и колективните договори во кои се пропишани додатоци, бонуси и повисоки права, а владата побара нивно ревидирање.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе