Вести Економија Свет Топ вести

Ќе добие ли Европа руски гас од гасоводот Турски тек?

По неколку истекувања на гас од гасоводот Северен Тек, Европа добива се помалку од овој неопходен енергенс во пресрет на зимските месеци. Санирањето на дефектите ќе потрае, потврдија од руски Газпром, а решението според Путин е гасот да се пренасочи кон гасоводот Турски тек, кој минува под Црното Море до Турција, а со тоа и би ја скокнала Украина. Идејата, Путин му ја соопштил на Ердоган пред една недела, по што турскиот претседател радосно ја прифатил.

  • Во моментов, Европа бара од каде да набави природен гас. За среќа, Турција нема таков проблем. Сега, се надевам дека Турција ќе биде центар и за природен гас. На нашиот последен состанок се договоривме со Претседателот Путин по ова прашање. Ќе создадеме центар овде со турскиот гас што доаѓа од Русија. Според неговите зборови, тој рече „Европа може да добие природен гас од Турција“, изјави Ердоган.

Се предлага потенцијалниот центар за дистрибуција на гас, да се изгради во  турскиот регион Тракија, кој се граничи со Грција и Бугарија. Гасоводот, кој и овозможува на Москва да ја заобиколи Украина како транзитна рута кон Европа, носи руски гас до неколку европски земји, вклучително и Србија и Унгарија. Овој гасовод кој беше ланизран пред две години има годишен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри и се состои од две морски линии од 930 километри и две одделни копнени линии.

Во меѓувреме, европските лидери денеска одново ќе расправаат за мерките за справување со енергетската криза. Но, со оглед на тоа што лидерите ќе настапат со различни појдовни точки, денешниот самит се најавува за тежок.

  • Немаме сите исти појдовни точки, но гледам два важни елементи. Прво прашање; Дали сме подготвени да работиме заедно за да спроведеме мерки за намалување на цените на гасот? Точка прва, и очекувам да за оваа одлука. И точка два, постои одредено прашање кое е поврзано со единствениот пазар и солидарноста, изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет. 

Со цените на природниот гас кои излегоа од контрола во текот на летото, и додека членките на ЕУ се надеваа дека ќе си помогнат во полнење на резервите, Турција се уште не е погодена од гасната криза. Одеше чекор понапред и внимателно ги презеде сите мерки. Па така, деновиве јавува дека сите нејзини складишта за гас се стопроцентно полни.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе