Вести Македонија Топ вести

Договорот за Фронтекс со Македонија доби зелено светло за потпис од Советот на ЕУ

Советот на Европската Унија (ЕУ) денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување, познат како Фронтекс, меѓу Унијата и Северна Македонија.

Документот беше блокиран од Бугарија поради употребата на терминот македонски јазик. Софија денеска дефинитивно го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е случај за сите други земји од регионот кои имаат договор со агенцијата Фронтекс. Договорот сега треба да биде одобрен од Европскиот парламент.

„Договорот со Северна Македонија е важен чекор во оваа блиска соработка. Ќе му овозможи на Фронтекс да пружа конкретна поддршка на терен, во корист и на Северна Македонија и на ЕУ“, изјави чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан.

Европскиот парламент во најбрз можен рок треба да даде зелено светло за Скопје и Брисел да можат и официјално да го потпишат договорот на 20 октомври.

Откако ќе стапи на сила, Фронтекс ќе може да биде поинволвиран во управување со границите во Северна Македонија во однос на миграциските текови и борбата против „илегалната миграција“. ЕУ смета дека зајакнувањето на контролите на македонските граници ќе помогне да се подобри безбедноста на границите на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе