Вести Македонија

Се избори за впишување на орото „Копачка“ на листата културно наследство во УНЕСКО, во родното делчевско Тработивиште, Димитар Узунски доби спомен простор

Во родната куќа во делчевско Тработивиште, беше отворена спомен соба на Димитар Узунски. Узунски е најзаслужен за впишувањето на орото „Копачката“ во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото, а покрај тоа познатиот делчевец собираше и фолклорно и народно духовно богатство и традиционални предмети.

Голем дел од неговиот труд е сместен во спомен просторот посветен на Узунски.. Собата е уредена во неговата родна куќа во с. Тработивиште, Делчево и во неа се изложени неговите лични документи, фотографии, најзначајни дипломи, благодарници, признанија, награди. Посебно место во собата но и во македонската култура заземаат ракописите на Узунски од собирачката фолклорна дејност, собрани во неговите тетратки, а значајни експонати се и неговите инструменти, препознатливата и традиционална носија, машината за чукање на која творел.

Проектот „Соба на Димитар Узунски за културното наследство на Пијанец“, на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче Делчево е субвенциониран од Министерство за култура – Сектор за заштита на културното наследство- Одделение за музејска дејност и нематеријално културно наследство, од Годишната национална програма за 2021 и со дополнителна поддршка од Градоначалникот на Општината Делчево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе