Вести Македонија Топ вести

Хакерски напад врз веб-сајтот на Министерството за образование кое тврди нема опасност за бази на податоци

Веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk е исклучена откако беше “преземена” со хакерски напад.

Нападот се случил синоќа, а на сајтот на МОН се појавуваше фотографија на грчката хакерска група “Netwatchers” која ја презеде одговорноста за нападот.

Бидејќи надлежните информатички служби почнале да работат на утврдување на фактите за нападот и на подобрување на безбедноста на сајтот, веб страната е исклучена.

Од МОН за мкд.мк изјавиле дека сајтот бил информативен и на него немало никакви бази на податоци. Нема потреба од вознемиреност бидејќи податоците се заштитени, а отворена е истрага од МВР и од АЕК каде е пријавен хакерскиот напад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе