Вести Македонија

МНР две недели по смрттта, се прости со некогашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева

Митрева беше достоинствена, а не арогантна, борбен, но фер играч, рече Санта Аргирова, поранешната шефица на нејзиниот кабинет. Спроведе и  бројни реформи меѓу кои беше и донесувањето на првиот закон за надворешни работи кој го сметаше за најголемата инвестиција во професионализација на македонската дипломатија.

Ни требаат луѓе за кои во странски весници ќе напишат ако ја немаше Илинка Митрева ќе требаше да ја измислиме или ја нарекуваат тигрица од Балканот не затоа што е сурова или свирепа, туку затоа што е жестока и со страст за својата држава. Или Митрева поради својата убедливост, остар јазик и непосредност стана миленичка на западната дипломатија, подеднакво ја сакаа во своето друштво и Пауел и Патен иако сешто им кажува. Точно е дека таа беше светски играч од мала земја, нејзините успеси ниту можеа, ниту, пак, можат да бидат минимализирани, рече Санта Аргирова.

За државните цели Митрева се бореше бескомпромисно користејќи извонредни дипломатски финеси. Личност со префиниет вкус и извонредни манири на однесување, забележа  министерот Османи во своето обраќање на комеморацијата.

Беше една од иницијаторите за оформувањето и главен двигател за нашето влегување во Јадранската повелба во 2002 година. Во ноември 2004 та година САД го признаа нашето тогашно уставно име што претставуваше извонреден дипломатски резултат. Во декември 2005-та се здобивме со стаус на кандидат за членство во ЕУ статус кој го имавме се до пред неколку недели. Го подготви теренот за да станеме членка на франкофонијата, што неа исклучително и беше важно, рече османи.

Митрева беше професорка по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и пратеничка од 1994 до 2001 та година, како и претседателка на собраниската Комисија за надворешна политика. Шефица на собраниската група за соработка со Европскиот парламент На функцијата, министерка за надворешни работи беше во 2001та, и потоа од 2002 до 2006 година. Три пати беше одликувана  со ордени на Француската Република меѓу кои и највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа во 2021 година.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе