Вести Економија Топ вести

За четиричено семејство со една просечна плата недостигаат околу 7.400 денари за нормален

Да се донесе одлука за зголемување на платите за 18,4% согласно Законот за минимална плата , а не да се манипулираат вработените во јавниот сектор со паушални покачувања од 2, 3, 5, 10 или 15%, без никакви критериуми. Ова е барањето до Владата од Сојузот на синдикати на Македонија, откако Собранието започна процедура по скратена постапка за зголемување на платите на судиите, обвинителите и на затворската полиција за 15%. Од ССМ велат дека со паушалните покачувања Владата прави обид да го минира генералниот штрајк со што создава уште поголем револт меѓу работниците. Бараат Владата да го реши проблемот со економската криза зашто според пресметките, разликата меѓу просечната нето плата и синдикалната кошница годинава изнесува 7.384 денари.

Толку пари недостигаат за да може минимум нормално да живее едно четиричлено семејство со просечна плата, ако има само еден вработен. Лани таа разлика изнесувала многу помалку- 5.436 денари, во 2020 година изнесувала 6.925 денари, а во 2019 година-7.816 денари. Од друга страна, порастот на цените и на трошоците, растот на инфлацијата која во месец јуни изнесува 14,5% влијае врз намалувањето на реалната вредност на работничките приходи, што доведува до осиромашување на целокупното население, тврдат од ссм.

Од ССМ ја потсетуваат Владата , општините, но и газдите од приватниот сектор дека Кривичниот законик важи за сите без исклучок и дека неговото прекршување предвидува парична или казна затвор до една година, доколку до септември согласно законот , платите во јавниот и приватниот сектор  не се усогласат за 18, 4%.

Од Владата остануваат на ставот дека вработените во јавниот сектор треба да имаат повисоки примања, преку градење систем кој ќе обезбеди постојан раст на платите.

Процесот на дијалог подразбира и максимална вклученост на синдикалната организација во процесот за реформи во јавниот сектор кој опфаќа оптимизација и рационализација, како и заедничко дизајнирање на нов закон за плати во јавниот сектор кој ќе треба да се применува од 1 јануари 2023 година. Носењето нов закон за платите во јавниот сектор  значи и нова методологија и нов општ колективен договор, каде ќе бидат доуредени и дополнителни правата на вработените, велат од владата.

Неисполнетите барања од Владата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари, потпишување нов колективен договор и враќање на К-15 го извади ССМ на улица. Се штрајкуваше од 22 јуни пред повеќе надлежни институции, а Синдикатот најави и колективна тужба пред домашни и меѓународни судови за неусогласување на колективните договори со Законот за минимална плата.

Досега ССМ потпиша усогласување на платите во повеќе од 30 јавни претпријатија, а преговараше и со 12 комунални. Постигнати се договори со 5 општини, а се преговараше со уште 14.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе