Вести Свет

Сиромашните земји обвинуваат дека донираните вакцини ги добиваат „на лажичка“

Лидерите на земјите во развој предупредија дека богатите земји ги трупаат вакцините против ковид. Во овие речиси две години од пандемијата, вакцините не се поделени рамномерно во светот, и со тоа е овозможен развој на нови соеви и ширење на инфекцијата. Салата на ГС во ОН беше полето каде Замбија, Филипини, Перу, Гана и многу други отворено обвинија дека солидарноста заостана.

Богатите земји ги трупаат вакцини кои спасуваат животи додека сиромашните земји чекаат на лажичка, и сега зборуваат за трета доза, додека земјите во развој ја делат дозата на половина само да ја надминат ситуацијата. Ова е шокантно и над верувањата и мора да се нарече правно – себичен акт кој ниту може да се оправда, рационално или морално, ИЗЈАВИ РОДРИГО ДУЕРТЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИЛИПИНИ 

Африка е најтешко погодена од т.н. вакцинален национализам, со околу 900 милиони Африканци кои допрва треба да примат вакцина за континентот да достигне имунизација од 70%. Но, засега ова тешко се одвива.

Замбија успеа да вакцинира речиси три проценти од својата популација. Ова не е во согласност со целта на земјата да вакцинира 70% од возрасното население до третиот квартал од 2022-ра. Ова јасно го нагласува нееднаквиот пристап до вакцините во земјите во развој, особено што се администрирани повеќе од две милијарди вакцини ширум светот, ПОРАЧА ХАКИНДЕ ХИКИЛЕМА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗАМБИЈА

За нееднаквата распределба на вакцините, сироамшните земји го вперија прстот во СЗО, која според нив потфрли во дистрибуцијата и покрај тоа што голем дел од нив ги имале парите и да ги набават. Во богатите земји, барем една доза вакцина имаат примено 35%, додека стапката на имунизација во Хаити или Конго е помалку од еден процент. Америка вчера вети дополнителни 500-тини милиони дози вакцини за други земји, а Кина две милијарди за остатокот од светот до крајот на годината. Но, за овие донации сега е премногу доцна, сметаат лидерите на сиромашните и земјите во развој, кои најмногу беа погодени од неправедноста. Порачуваат дека во глобалната демократија, рамнотежата или еднаквоста е она што ги привлекува луѓето да се залагаат за неа.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе