Uncategorized

Пердју: Штета е Софија да го блокира Скопје за ЕУ и да создаде непријателство

Штета би било доколку Бугарија го запре процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, смета американскиот дипломат Џејмс Пердју, поранешен амбасадор во Софија и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор.

– Знам дека е примамливо Бугарија да се обиде да ја искористи својата позиција како членка на Европската унија, додека Северна Македонија се обидува да добие членство. Но, не сум сигурен дали вреди да се создаде непријателство меѓу владите на двете земји и нивните народи, изјави Пердју во интервју за емисијата „Сабота 150 “ на бугарската БНТ.

Пердју вели дека национален интерес на Бугарија е Северна Македонија да биде членка на НАТО и на Европската унија и затоа Софија треба тесно да соработува со Скопје.

– Премиерот на Северна Македонија е многу прогресивен човек. Тој имаше храброст да постигне договор со Грција за спорот за името. Јас сум многу импресиониран од него. Тој прави многу добра работа за својата земја. Би било штета за Бугарија да го запре процесот на пристапување на земјата во ЕУ заради нејзината историја и јазик. На крајот на краиштата, ние исто така зборуваме англиски, но немаме желба да и се наметнеме на Англија. Секоја земја може да го нарече својот јазик како што сака. Историските спорови никогаш не се конечно решени. Научниците се расправаат со векови. Нека ја завршат својата работа. Има начин да го сторат тоа – двете страни имаат толку многу заедничко, истакнува Пердју.

Тој додава дека многу повеќе би сакал да гледа соработка, а не блокади меѓу Северна Македонија и Бугарија.

– Јас сум пријател на двете страни. Загрижен сум за оваа блокада. Тоа не е во долгорочен интерес на Бугарија, заклучува американскиот дипломат Џејмс Пердју во интервјуто за “Сабота 150”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе