Вести Македонија Најважни

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, сѐ уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Забранет влез за 11- те здравствени работници и соработници кои немаат никаков договор за вработување на Универзитетската клиника за токсикологија и на кои истиот договор им истекол на крајот од мината година, а кои и понатаму продолжиле да се евидентираат на Клиниката за токсикологија, потврди контролниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

На увид е дадено известување од страна на клиниката да се наложат овие мерки и да се почитуваат од страна на клиниката, меѓутоа истото известување е потпишано само од страна на медицинскиот директор, но не и организацискиот директор. Известување во кое стои дека треба да им се одземат токените за идентификација и електронско евидентирање на работното време, известување кое организацискиот директор не го потпишал, вели Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Ваквата контрола на ДСЗИ следеше по вонредниот инспекциски надзор. На контролниот инспекциски надзор присуствувале двајцата директори Данил Петровски и Бесија Иљази, додека надзорот со организациската директорка Иљази се одвивал со преведувач.

Доколку не се почитува ваквото решение следно се казни, вели Младеновска.

Денес се одржа и вонреден состанок на Управниот одбор на Токсикологија по што беше донесена одлука да се почитува решението на ДСЗИ и токените на 11 лица кои незаконски се евидентираат на клиниката да им бидат одземени.

На дневен ред била и точката за  промена на брокер за осигурување на клиниката, предлог на организациската директорка Иљази, кој Управниот одбор го прифатл. Универзитетската клиника за токсикологија за само еден месец ја тресеа неколку скандали меѓу кои се обиди за лажирања на резултати, зголемување на долговите, закани за рарешувања на медицинскиот директор.

Се поплави и Токсикологија, се уште нема одговори кој е одговорен и зошто клиниката немала осигурување како што тврдеа дел од лекарите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе