Вести Македонија

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Комарците почнаа да ги напаѓаат скопјани, а Град Скопје се уште не извршил прскање иако минатата година со оваа активност започна на  13-ти април. Од Град Скопје молчат, не кажуваат дали ќе прскаат, ниту пак кога ќе се изврши дезинсекција оваа година.

Според информации на Телма тендерот за прскање од земја е поништен на 30-ти април бидејќи немало понуди или прифатливи понуди во два дела од тендерот за прскање.

Не е јасно и дали оваа година ќе се изврши набавка на нови помодерни средства и препарати со оглед дека досегашните кои се користеа за воздушно прскање се покажаа како неефикасни против тигрестиот комарец. Доказ за неуспешноста е и што и по повеќе од шест акции на прскање минатата година, скопјани се жалеа на сериозни алергиски реакции.

Присуство на тигрестиот комарец во 2017 година беше докажано само во југоисточниот регион на границата со Грција и на една локација во Скопје, во близина на автобуската и железничката станица. Но, откако следната година беа поставени мамки тој беше регистриран во три општини, а сега со сигурност може да се каже дека е присутен на целата територија на град Скопје.

Повеќе на оваа тема во вестите во 15:30, 18:30 и 21:30 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе