Вести Македонија

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

На првиот круг на претседателски избори во Струмица дел од набљудувачите на избирачките места од ромската припадност добиле закани од политичките партии. Од Фондацијата „Ромите за демократија“ велат дека нема да дозволат тоа да се повтори. Денеска во голем број сплотени, рамо до рамо со свирежи и транспаренти Ромите оддржаа марш од Државната изборна комисија до Министерството за внатрешни работи.

„Ќе бараме од министерот итна средба, зајакнување на полициската служба за време на парламентарните и претседателските избори за да може нашите набљудувачи мирно да работат без закани и притисоци од ниедна политичка структура“, вели Селвије Мустафи Алкан, директорка на фондација „Ромите за демократија“.

На првиот изборен круг имале 68 набљудувачи, а за наредниот се предвидени 200, но доколку никој не им ја гарантира безбедноста тие ќе се повлечат и нема да ја извршат функцијата.

„Ние не бараме ниту помалку ниту повеќе од другите. Само бараме безбедност за нашите набљудувачи бидејќи ако не набљудуваш професионално во избирачкото место и имаш закани и притисоци, како ќе ја вршиш функцијата“, вели Мурат Јусинов, фондација „Ромите за демократија“.

Велат дека со притисоци и закани се соочиле уште од почетокот кога сакале да пријават некоја забелешка и дека заканите ги пријавиле кај надлежните.

„Обуките беа оддржувани од страна на Државната изборна комисија и убаво со презентација ни беше укажано ние како набљудувачи на што треба да внимаваме за време на набљудувањето во избирачките места. Но, кога сакавме нешто да кажеме што е незаконски, тогаш трпевме притисок“, вели Доан Мустафов, фондација Ромите за демократија.

Тие заклучуваат дека со скратување на слободата на избирачките места нема фер и демократски избори.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе