Македонија

Нови „бомби“ за Заев и Јанушев, Кичеец бил во полиција и потврдил дека гласот е негов

Нови бомби во оптек, но партиските лидери уште не добија покана за да дојдат во полиција и да дадат изјава. Инспекторите за организиран криминал и корупција досега ги поканија само Ден Дончев и Зоран Милески Кичеец, но не и Заев и Мицкоски чии гласови се слушаат на бомби или пак се зборува за нив.

Последниот кој бил повикан како граѓанин за добивање на информации бил Зоран Милески Кичеец кој вчера попладне со адвокат се одзвал на повикот во полициската станица Карпош.

Извори од полицијата за Телма тврдат дека Кичеец ја потврдил автентичноста на разговорите во кои тој се слуша како зборува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со црногорскиот бизнисмен Дака.

Тврдел дека не ги снимал разговорите, не земал пари како што се слуша во еден од разговорите кој според него е снимен на средба пред 3 години. Разговорот со инспекторите траел околу половина час.

Адвокатот на Зоран Милески-Кичеец за Телма потврди дека бил на распит и дека Кичеец бил прашан само дали на снимката го препознава неговиот глас, што тој потврдил. Други детали не биле разгледувани.

За Милески се објавени два различни разговори, еден со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски исечен на повеќе парчиња, а снимен за време на ланската изборна претседателска кампања. Вториот е со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, каде меѓу другото зборуваат и за поранешниот премиер Заев.

Минатата недела  Ден Дончев беше повикан исто како граѓанин да сподели информации за 4 снимки меѓу кои и видео на кои се гледа како со рака зема пари. Неговите разговори се за три различни ситуации, а исказот е пратен во обвинителството за организиран криминал.

Денеска беа објавени две нови бомби, два разговори на Заев и разговор на Миле Јанакиески со Игор Јанушев, актуелен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе