Штип нема ниту Карго аеродром, ниту Водоводна линија два од средствата кои државата ги распредели по општините по откажувањето на проектот за изградба на аеродромот во близина на градот. Околу 1.200.000 евра се доделени на Штип за изградба на водоводната линија два, која ќе значи решавање на проблемите со водоснабдувањето во високите зони, но и ќе овозможи ширење и изградба на нови индустриуски објекти и инвестиции во бањскиот туризам. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека веќе неколку месеци се чека Владата да одлучи која фирма ќе ги изведува градежните работи.
Јорданов забележа дека искористувањето на овие средства е до крајот на 2022 година, но какошто стојат работите од реализацијата на капиталниот проект засега не се знае ниту кога ќе почне.
Проблемите со водоснабдувањето се секојдневни во Штип, поради старата водоводна мрежа, но и се уште неизградената Водоводна линија два за високите зони на градот, жителите на неколку населби во Штип среде лето два дена беа со суви чешми.
Викторија Димитрова Јованова