Вести Македонија

Проектот за изградба на втора водоводна линија во Штип тапка во место

Штип нема ниту Карго аеродром, ниту Водоводна линија два од средствата кои државата ги распредели по општините по откажувањето на проектот за изградба на аеродромот во близина на градот. Околу 1.200.000 евра се доделени на Штип за изградба на водоводната линија два, која ќе значи решавање на проблемите со водоснабдувањето во високите зони, но и ќе овозможи ширење и изградба на нови индустриуски објекти и инвестиции во бањскиот туризам. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека веќе неколку месеци се чека Владата да одлучи која фирма ќе ги изведува градежните работи.

Јорданов забележа дека искористувањето на овие средства е до крајот на 2022 година, но какошто стојат работите од реализацијата на капиталниот проект засега не се знае ниту кога ќе почне.

Проблемите со водоснабдувањето се секојдневни во Штип, поради старата водоводна мрежа, но и се уште неизградената Водоводна линија два за високите зони на градот, жителите на неколку населби во Штип среде лето два дена беа со суви чешми.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Сефери во „Топ тема“: Проевропски наратив кај партиите од власта наспроти етноцентричен кај опозицијата, мислам дека Таравари и Османи се свесни дека не можат во втор круг

Дејан Дејан

Напад врз три возрасни жени во Вастерас – шведската полиција го застрела напаѓачот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе