Вести Свет

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Студенти ширум Шпанија во наредните денови најавуваат протести против „геноцидот што Израел го спроведува во Палестина“ по примерот на универзитети во САД, Холандија и Белгија.

На Филозофскиот факултет во Валенсија  студентите веќе една недела спијат во шатори и секојдневно протестираат.

„Бараме од нашиот универзитет да ги прекине сите врски со институциите и компаниите кои соработуваат со Израел“, изјави 20-годишната Естер Монге, студентка по политички науки и социологија за весникот „Ел Паис“.

Во моментов, според шпанските медиуми, се одржуваат состаноци на универзитетите во Мадрид, Сарагоса, Барселона, Жирона, Гранада и други градови.

Во Мадрид се уште нема кампување за протести, но има протести. На автономниот универзитет во Мадрид, планираното предавање за НАТО беше откажано под притисок на пропалестинските демонстранти.

Пропалестински протести денеска се проширија и на три универзитети низ Швајцарија, инспирирани од студентските демонстрации што започнаа во САД, јавија локалните медиуми.

Студенти на Универзитетот во Лозана (УНИЛ) беа првите кои се мобилизираа во Швајцарија, при што неколку стотици заземаа сала во четвртокот вечерта за да побараат прекин на партнерствата со израелските универзитети. Во соопштение УНИЛ одговори дека нема причина да ги прекине тие односи.

Во САД пак беа уапсени околу 1.000 демонстранти, во Тексас студенти се судрија со полицијата,  а протестите се проширија и на неколку кампуси во Канада и Франција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе