Вести Македонија

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Во штипската приградска населба „Железничка“ денеска во домашни услови гласаа 76-годишната Слободанка Гошова и 81-годишната Митра Арсова. Додека здравствената состојба им дозволувала, редовно гласале на денот на изборите. И Гошова и Арсова велат дека гласањето на избори е свечен чин и според нив секој треба да го искористи своето демократско право.

Телма денеска беше на терен со членовите на Избирачкиот одбор во штипската населба Железничка. Избирачкото место се подготви за утрешното гласање. На овие избори ќе има две кутии – една за избор на претседател, а втората за избор на пратеници. Гласачите имаат право само еднаш да пристапат до избирачките места.

Според ДИК, 534 избирачи згрижени во установите за вонсемејно згрижување. Гласаа и лицата кои се сместени во Домовите за стари лица. Во Прилеп гласачкото место е отворено без никакви проблеми.

Според податоците на ДИК денеска за претседателските избори гласаат 11.123, а за Парламентарните избори бројката на болни и немоќни лица е поголема за 102 избирачи или гласаат 11.225 болни и немоќни лица.

Викторија Јованова Димитрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе