Вести Македонија

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

До министерството за правда сè уште не стигнала информација дека Агим Красниќи и уште тројца негови соработници од кондовската група се уапсени во Урошевац. Никој досега официјално не го известил дека тие бегалци од правдата со дебели полициски досеја и пресуди се фатени, но за еден од нив претходно Косово ја одбило Макеодија да го испорача, за друг, пак, одобрило екстрадиција но, веќе три години трансферот не е реализиран. За кого станува збор од правда не откриваат имиња во одговорот до Телма.

„Во изминатите неколку дена за ниту едно од тие лица не е добиено известување од ниту еден орган – национален или странски. Но, за две од нив веќе се води постапка за екстрадиција. За едното лице е одбиена уште во 2020 година, затоа што има косовско државјанство, а за едно лице е дозволена во 2021 година и очекуваме да ни биде предадено. Деталите за преземање на дозволена екстрадиција ги прави МВР“, информираат од министерството за правда. 

Пред четири години, во мај во 2020., МВР објави дека во Косово се приведени Бесим Красниќи и Фадил Точи, но до денеска ниту еден од нив не е екстрадиран.

Инаку Телма од свои извори уште вчера откри дека дел од нив имаат и косовско државјанство. Тоа според познавачите може да биде пречка за екстрадиција, но во секој случај приоритет ќе има и кривичните дела сторени во Косово. Како што објави тамошната полиција викендот, Агим Красниќи е осомничен за убиство во обид, а Рамадани и Точи за учество во тепачка, инцидент што се случил во октомври лани во Урошевац.

Косовските правосудни органи одредија притвор само за Бесим Крансиќи, повикувајќи се на потерницата од Интерпол. Но, Македонија со меѓународна потерница ги бара и останатите тројца осуденици. Агим Красниќи и Сехат Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор. Бесим Красниќи, пак, се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, а Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе