Вести Македонија Најважни

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Преполовен автомобил, неколкучасовен прекин на сообраќајот и тројца повредени е епилогот од страотна сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на крстосница во скопската населба Влае. Во несреќата учествувале две возила. Шевролетот, кој го возела 32-годишна жена, е преполовен од ударот на моќното ауди управувано од 27-годишен возач. Возилата утрово стоеја раздалечени на неколку метри додека полицајците вршеа увид.

„Денеска во 02:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и ул. „Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (27) од с. Сарај, скопско“, информираат од МВР. 

Со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Дваесет и седумгодишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник од село Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе