Вести Свет

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции, Претседателството и кабинетот на премиерот, но веб-страниците брзо беа повторно фукционални, изјави министерот за одбрана, Ејуп Маќедонци.

-Група руски хакери извршија кибер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина, изјави Маќедонци за РТ додека беше во Полска на конференцијата „Одбрана 24“, пренесе Бета.

Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.

-Косово е подготвено да се приклучи на колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба да размислат повеќе за ова…, напишаа хакерите на руски, споменувајќи го министерот.

Министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.

Гервала на мрежата „Х“ објави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе