Вести Македонија

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Катедорично одбиени од надлежните во министерството за финансии и култура, за зголемување на мартовските плати за 12%, кои сѐ уште ги чекаат, вработени во повеќе установи од културата низ Македонија, денеска протестираа пред ресорното министерство, организирани од Синдикатот за култура.

Од таму кажаа дека на вчерашниот состанок во Финансии биле убедувани дека не им следува бараното зголемување зашто лани во септември добиле покачување за 10%, согласно Општиот колективен договор и дека тоа право треба да се преклопи со 12% покачување, согласно Колективниот договор за култура. Од Синдикатот најавија продолжување на протестите до исполнување на барањата.

Непостигнувањето договор со надлежните на вчерашниот состанок во министерството за финансии, за зголемување за 12% на сѐ уште недобиените мартовски плати, ги натера вработените во установите од културата од цела Македонија денеска да протестираат пред ресорното министерство, организирани преку Синдикатот за култура.

Со свирчиња, извици „уа“, пуштање класична музика и транспарентни на кои пишуваше „ Стоп за крпена култура“, „ За функционерите злато, за културата кал“, „ Нема да платам- во адаптација и режија на министерката Костадиновска – Стојчевска“, околу 500 уметници и културни работници го изразија револтот што по повеќе месеци јавни реакции, нивните стравови дека нема да добијат повисоки плати за 12 %, што им следуваат , согласно Општиот колективен и Колективниот договор за култура, се остварија.

Според претседателката на СКРМ, на состанокот , службеници од Финансии и од Култура ги убедувале дека не им следува ново зголемување на платите за 12% ,согласно КД за култура, зашто лани во септември добиле покачување за 10%, согласно ОКД и дека тоа право се преклопува со правото од гранковиот колективен договор. Не беа земени предвид нашите аргументи дека се работи за два одделни колективни договори и за две различни права , кажа претседателката на СКРМ.

Му порачуваме на министерството за финансии и на министерството за култура , ако ја направило грешката и не предвидело пари во буџетот , согласно Колективниот договор за култура, тоа да го стори. И на овие луѓе овде , да им исплати плата и здравствено осигурување во најбрз можен рок, изјави Вера Атанасовска- претседателка на СКРМ.

Со овој гест од надлежните е изигран Колективниот договор за култура, потенцира Атанасовска.

Изигран е со тоа што со покачувањето на минималната плата нема да го добиеме соодветното покачување од 12%, туку од 2%. Поклопувањето на 10% од Општиот колективен договор со 12% од Колективниот договор за култура, додаде Претседателката.

Од СКРМ најавија протести од понеделник до исполнување на нивните барања. А, во понеделник на протест пред министерството за култура ќе излезат и од СОНК. Од таму најавија и поведување постапка за спроведување генерален штрајк во установите од културата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе