Вести Македонија

Учебната година средношколците ќе завршат на 10 јуни, а основците на 17 јуни

Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат  плановите за организација на училишта. Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, соопштуваат од Министерството за образование.

23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија.. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

Од МОН потсетуваат дека учебната година во средните училишта трае до 10 јуни, додека во основните училишта се продолжи до 17 јуни.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Првомајски протест – Или повисоки плати или увоз на функционери

Сашо Чавдаров

Има ли „Тројански коњ“ во опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ го прашува Димитриевски, на кого СДСМ му ги одби барањата

Desk

Кои се знаците за високиот шеќер во крвта?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе