Вести Македонија

Доживотен затвор за убиецот кој искасапи жена во Кочани, која го пријавила за уцена

Обвинителството соопшти дека кочанскиот суд пресудил доживотна затворска казна на убиец кој извршил фемицид во Кочани, лани во септември. Жената беше убиена со 40-тина убоди со нож од свирепиот убиец.

Жената била убиена рано наутро во 6:15 часот кога тргнала на работа, а 59-годишниот убиец ја чекал за да ја усмрти. Маладеновска пред убиството пријавила уцена во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани. Но, додека се постапувало по пријавата таа е убиена.

Во продолжение соопштението на јавното обвинителство:

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.

Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Жената претходно неколкупати пријавувала закани во полиција и во јавното обвинителство од каде што барала и заштита.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Протестите во кампусот на Универзитетот во Калифорнија поради војната во Газа прераснаа во насилни судири меѓу ривалските групи

Дејан Дејан

Првомајски протест – Или повисоки плати или увоз на функционери

Сашо Чавдаров

Има ли „Тројански коњ“ во опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ го прашува Димитриевски, на кого СДСМ му ги одби барањата

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе