Вести Македонија Топ вести

Започна транспортот на линданот од третиот и четвртиот лот од малата депонија на поранешен ОХИС

Работници во заштитни одела пренесуваат буриња со отровен линдан од малата депонија, во кругот на поранешната хемиска фабрика ОХИС. Вака изгледаа подготовките за денешниот транспорт во Германија и Франција на контаминираната почва со линдан, кој од пред 2 години од „ОХИС“ го чисти грчката компанија Полиеко. До сега е исчистен и транспортиран линданот од првиот и вториот лот на малата депонија, а од денеска во контејнери се товари за транспорт, почва загадена со линдан од третиот лот  и дел од четвртиот, вели директорот на Државниот инспекторат за животна средина.

  • Денеска е планирано да се товарат 63 тони од почва контаминирана со изомери на HCH и 120 тони HCH отпад од 4 лот. Транспортот ќе се изврши во Франција и во Германија, вели Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Почвата со линдан во Германија ќе се рециклира преку индиректна термална апсорпција и ќе се исчисти , а линданот ќе се носи на согорување во фабрика во Франција, вели Стојковски. Од 2022 година до сега се исчистени првиот, вториот, третиот и дел од четвртиот лот од малата депонија , во која се проценува дека имало вкупно 6600 тони контаминиран отпад. Од 4 лот остануваат за чистење околу 450 тони линдан и 250 тони почва. Откако тој целосно ќе се исчисти, дополнително ќе се определи количината од 5 лот. Но, остануваат и 53 000 тони отпад од големата депонија, за која за сега нема пари за чистење, а потребни се 80 до 100 милиони евра.

  • Ние дефакто немаме пари ни за малата депонија да ја довршиме. Проценките се дека за петтиот лот ќе бидат потребни уште 7 милиони евра. До сега се ангажирани околу 10, 2-3 милиони евра за чистење на овие 4 лота. Значи потребни се дополнителни над 7 милиони евра за да се доврши малата депонија, вели директорот Стојковски.

Линдан е откриен и во месноста Пеленица над Драчево. Депонијата е симболично заградена, за да не дојде со неа во контакт живиот свет. Според спроведените анализи од Министерството за животна средина, таму има околу 40 000 тони загадена почва со линдан и отпад од „ Стаклара“. А, за чистење се потребни до 100 милиони евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе