Вести Македонија

Се испишуваат основци, но и средношколци – миграцијата го намалува бројот на паралелки, но и на основни училишта

Миграцијата ги празни одделенијата, но и затвора училишта. Минатата учебна година, бројот на основни училишта кои работат во земјава се намалил за 14 во споредба со годината пред тоа, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Тоа се должи на намалувањето на бројот на основци, односно испишани се вкупно 2.665 ученици, со што се намалил и бројот на паралелки за 60.

Бројот на средни училишта останува ист, но процентот на испишани ученици е поголем. За една година бројот на средношколци се намалил за 2.700, а бројот на паралелки за 49.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на ученици во редовните основни училишта изнесува 182.245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66.678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година“, покажуваат податоците на ДЗС.

Трендот на намалување на учениците продолжува и во текот на оваа учебна година, што го покажуваат и податоците на локалните самоуправи кои се однесуваат на бројот на ученици кои побарале исписница од училиштата.

Загрижувачки бројки доаѓаат од Општина Гостивар, каде второто полугодие во училиштата започнало со речиси 200 ученици помалку, поради миграцијата, претежно кон западно-европските земји.

И во Општина Тетово родителите на околу 160 ученици побарале за време на распустот нивните деца да бидат испишани од редовната настава.

Во штипскиот регион, пак, бројката на испишани ученици пред второто полугодие изнесува 50, и таму претежно поради заминување во странство.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе