Вести Македонија

Претседателски избори 2024 – хроника 11.04.2024

Претседателските кандидати со свои активности во кампањата за изборите закажани за 24 април.

Овие избори не се избори помеѓу различни политички партии и различни кандидати. Ова е битка меѓу два концепта. Концепт на европска интеграција наспроти концепт на изолација. Концептна соживот наспроти концепт на етнички тензии и омраза, на прогрес наспроти на регрес, истакна вечерва од Штип, кандидатот за претседател на ДУИ и „Европски фронт“, Бујар Османи.

Билјана Ванковска кампањата ја продолжи во Куманово. На средбата со граѓаните им посочи дека таа ја поседува најдобрата и најразличните програма за која што гарантира дека ќе ја спроведе, а не ги штедеше и колегите кандидати велејќи дека сите шестмина, колку и да изгледаат различно, припаѓаат на иста политичка матрица која пробува да го сочува ова статус-кво.

Таравари на Влен постпразнично со граѓаните на средба на плоштадот Скендер Бег. Прави планови како да ја продолжи кампањата и се надева дека продолжува во вториот круг.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски од Гвегелија потсети на се што е направено за интеграцијата и тешкиот пат кој го изоде земјата при што ја потенцираше разликата од неговата политичката приапдност и главниот конкурент, поддржан од ВМРО -ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски се жали на притисоци од власта кои, според него, имаат цел да го спречат да се фокусира на кампањата. Тврди дека има притисоци и врз неговите сопартијци, но и врз дел од граѓаните. А, вечерва во студитот на „Топ тема“ се осврна на како што рече лошата диполамтија за кој вети подобрување ако седне во претседателскиот кабинет.

По двете средби со граѓани во Долнени и Македонски брод, караванот на ВМРО-ДПМНЕ се обедини во Кичево. Таму, кандидатката претседател Гордана Силјановска Давкова порача дека токму таа доаѓа од овој крај и особено ќе внимава на проблеми на кичевци, а секој глас слушнат од граѓаните ќе го адресира до собранието, вети Силјановска од централниот митинг.

Во фокусот на кандидатот на ГРОМ и коалицијата Стевчо Јакимовски, пак, денеска беше економијата. Преку видео обраќање порача дека државата под итно треба да почне да размислува за развој на наменска индустрија. Јакимовски излезе и со предлог за отворање на катедра за вооружување во рамките на Машинскиот факултет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе