Вести Свет

Палестинците се враќаат назад во Кан Јунис

Израелските војници се повлекуваат од јужниот дел на појасот Газа, Палестинците почнаа да се враќаат во градот  Кан Јунис, каде ги затекнаа своите домови во рушевини.

Илјадници згради останаа оштетени и уништени, поради неколкумесечното бомбардирање на израелската војска. Семејствата кои се вратија во нивните уништени домови, можеа  да забележат и изгорени болници и училишта.Услови за живот во моментот нема и ќе нема уште долго, а за нивно воспоставување ќе биде потребно долго време.

Уништените улици даваат јасна слика за една од најсмртоносните војни кој светот не ги видел со децении назад. Израелските планови за инвазија на Рафах, предизвикаа глобален аларм, но  и небезбедна судбината за 1,4 милиони Палестинци кои се наоѓаат таму.

Повлекувањето на израелските сили од Кан Јунис, според многумина, е тактички потег, а не како знак за можен крај на војната. Двете страни викендот испратија свои делегации во Каиро на мировни преговори, во обид да се договорат за втор прекин на огнот од почетокот на војната.

Војната во Газа почна со напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври, кога членови на палестинската милитантна група убија 1.200 цивили, а во заложништво однесоа повеќе од 250. Израел одговори со воздушни напади и копнена офанзива во која, според извори во Појасот, се убиени над 33.000 Палестинци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе