Вести Свет Топ вести

„Разочарувачки резултати“ во работењето – Ван Хол во криза, најави отпуштање меѓу 1.550 и 1.850 вработени во Белгија

Белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“, кој има свој погон и во ТИРЗ „Бунарџик“ крај Скопје, ќе го сведе бројот на вработени во погонот во Белгија на 650 до 950 лица, објави белгиското интернет издание на весникот „Соар“, повикувајќи се на извори во синдикатот.

Според истите извори, најавата за отпуштање на меѓу 1.550 и 1.850 вработени од вкупниот број од околу 2.500 работници била соопштена утрово на средба меѓу претставници на синдикатот и на раководството, кои информирале дека загубите на компанијата „се многу поголеми отколку што се стравуваше“.

Синдикатите, кои наведоа дека на средбата не присуствувал претседателот на Управниот одбор на компанијата, Филип ван Хол, туку негови застапници, соопштија дека фирмата остварува „разочарувачки резултати“ во работењето.

Околу можноста за продавање на компанијата, синдикалните претставници истакнаа дека во таков случај првенствено би сакале да се води сметка за зачувување на работните места.

Не би сакале сценарио каде што купувачот е заинтересиран само за преземање на технологијата, брендот и клиентите, посочија од синдикатот.

„Ван Хол“ е семејна компанија за производство на автобуси, тролејбуси и приколки основана во 1947 година. Фирмата има околу 4.100 работници во своите фабрики ширум светот, од кои најголемиот дел се во погоните во белгиското место Конингсхојт и во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе