Вести Свет

Гутереш: 7 октомври е ден на болка за Израел и светот

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш го нарече 7 октомври, денот кога палестинската милитантна група Хамас го нападна јужен Израел пред половина година, „ден на болка за Израел и светот“.

Гутереш во видео изјава објавена денеска на платформата „Х“ рече дека тој лично и организацијата на ОН жалат за 1.200 луѓе, главно цивили, „кои ладнокрвно беа убиени“ во нападот на Хамас пред шест месеци.

-Ништо не може да го оправда ужасот што Хамас го покрена на 7 октомври, посочи Гутереш и го осуди сексуалното насилство, тортурата, ранувањето и киднапирањето цивили и истрелувањето ракети врз цивилни цели. Тој повика на безусловно ослободување на сите заложници кои сè уште ги држат Хамас и другите вооружени групи.

На 7 октомври минатата година, палестинската милитантна група Хамас изврши ракетен напад, а потоа и упад на југот на Израел, кога беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 200 од нив беа земени како заложници.

По нападот на Хамас, Израел воведе блокада на Појасот Газа и започна воена операција, во која, според последните податоци на здравствените власти во Газа, загинаа повеќе од 33.000 луѓе, а над 75.000 се ранети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе