Вести Свет

Грифитс повика на итен прекин на војната во Газа

Шефот на Канцеларијата на ОН за цивилна помош (OCHA), Мартин Грифитс, итно повика на прекин на војната во Газа.

Грифитс побара „да се преземе одговорност за предавството на човештвото“ претставено со шестмесечната војна на Израел против палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

Во соопштението Грифитс оцени дека и покрај „глобалниот бес, толку малку е направено за да се стави крај на тоа, оставајќи простор за толку голема неказнивост“.

-За луѓето во Газа, последните шест месеци војна не донесоа ништо друго освен смрт, уништување и сега претстојната перспектива за срамен, вештачки глад, рече Грифитс.

Тој истакна дека „никој не е безбеден“ и дека населението нема каде да оди за да се заштити.

Според него, шестмесечната војна не само што мора да донесе сеќавање и жалост, туку мора да предизвика и „колективна реакција за да се сноси одговорност за ова предавство на човештвото“.

Грифитс на крајот на март објави дека поднесува оставка „од здравствени причини“ од позицијата заменик-секретар за хуманитарни прашања и координатор за итна помош на Обединетите нации. Тој треба да остане на функцијата до јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе