Вести Свет

Бројот на загинати во земјотресот во Тајван се искачи на 13

Бројот на загинати во земјотресот што го зафати Тајван оваа недела се искачи на 13. Стотици луѓе остануваат блокирани, јави ДПА, повикувајќи се на властите.

Тие денеска соопштија дека е пронајдено уште едно тело во тешко погодениот национален парк Тароко на истокот од островот.

Шест лица се водат како исчезнати. Повредени се 1.145 лица.

Вчерашните податоци беа за 12 загинати и 13 исчезнати.

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала во средата ја погоди ретко населената област Хуалиен во источниот дел на Тајван. Планинските патишта беа отсечени поради лизгање на земјиштето, оставајќи повеќе од 440 луѓе – туристи и локални жители – заглавени во Националниот парк Тароко, познат по своите живописни глетки, но и нерамен терен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе