Вести Македонија

Во прилепскиот суд почна подготвителна постапка за убиеното 14-годишно момче

Основниот суд во Прилеп почна подготвителна постапка за случајот со убиството на 14-годишното момче, што се случи пред една недела во центарот на градот. Од таму информираат дека бидејќи станува збор за убиство на дете постапката е тајна.

Судијатa за деца презема истражни дејствија по предлог на Основното јавно обвнинителство, и тоа, сослушување сведоци, сослушување на оштетените, на детето кое го извршило убиството, вештачење“, информира прилепскиот суд. Пред судијата исказ дал таткото на убиеното момче и сведок во случајот, а денеска исказ треба да даде малолетникот кој го изврши убиството.

Обвинителството побара психијатриско вештачење на 15-годишникот е осомничен за делото. Според неговиот бранител, не станува збор за убиство со умисла, туку за чин во состојба на афект или силна разразнетост. Адвокатот објаснува дека малолетникот во притвор може да остане до 90 дена, а за тоа време треба да заврши судската постапка.

Според законот, не може да добие затворска казна како кај полнолетните лица, туку казната е со алтернативни мерки или во институции, најмногу до пет години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

 МНТ со праизведба на  „ Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „ Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Димитриевски: Во Влада да, но без ДУИ и со јасни црвени линии за заштита на идентитетот и државните интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе