Вести Македонија Топ вести

Екстрадиција на Палевски ќе се реализира по завршување на административните процедури во Турција

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ очекува Љупчо Палевски да биде екстрадиран веднаш по завршување на административните процедури.

Палевски е осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерот за правда Кренар Лога и неговиот турски колега Јилмаз Тунч минатиот месец на средба во Анкара разговараа за екстрадицијата на Палевски.

Лога во таа прилика рече дека екстрадицијата е прашање на денови и дека треба да завршат сите административни процедури. Кога ќе биде донесен во Македонија, Палевски ќе биде спроведен во казнено-поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе