Вести Македонија Топ вести

Денеска пристигнуваат нови обрасци, рефундација на парите за документи – најрано на лето

Кол центарот на МВР во Град Скопје со полни раце работа во февруари. За нецел месец биле презакажани 125 илјади термини, а во периодот од 06.02 до денеска закажани се и 100 илјади нови на ниво на цела држава… Вкупно за овој период направени се 225.000 закажувања.

Само вчера, кога сите оператори работеа на нови закажувања, договорени се 14.000 нови термини. Причината зошто граѓаните тешко добиваат е фактот што во одредени моменти се случува да има преку 500 повици во ист момент.

И затоа интензивно се работи во функција да биде пуштен и веб сајтот за закажување, информираат од МВР.

Од почетокот на годинава до денес, има поднесено 216.000 барања за пасоши од цела држава плус оние од дијаспората. 95.000 барања се во јануари, а 121.000 во февруари.

Само во Скопје, во јануари имало околу 26.000 барања за пасош, а во месец февруари 47.000 барања.

Во однос на патувањето со стари обрасци, од досегашните официјални информации со кои располагаме, само Босна и Херцеговина излезе со став дека нема да дозволува влез и движење на своја територија со старите обрасци на лични документи, а таква информација за Црна Гора нема.

Во однос на овие две земји, министерот Тошковски планира наскоро да оствари работни средби со нивните министри за внатрешни работи, односно за безбедност, на кои отворено ќе се разговара за ова прашање.

Бојмацалиев: Бефундација на парите за документи – најрано на лето

Рефундација на граѓаните кои беа приморани да ги променат личните документи е можна но таа најрано може да се очекува да се случи престојното лето.

Новата Влада ако одлучи, ќе може да се реализира такво нешто, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

Ова прашање се најде на првата седница на Влада, на барање на Талат Џафери, веднаш откако тој седна во премиерското столче на почетокот на февруари.

Тогаш, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека се разгледува опцијата за надомест на паричните средства, на граѓаните кои веќе платиле. Од МВР тврдат дека во наредниот период нема да има застој во издавањето на документите бидејќи бројката на обрасци денеска треба да се комплетира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе