Вести Македонија Топ вести

МТСП со инспекции во градинките: проверка на вакцинирани и делумно вакцинирани деца

Три нови случаи на голема кашлица во Скопје, потврди Центарот за јавно здравје – Скопје. До сега најголем број и понатаму се во општините Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош. Според Велковски, министер за труд и социјална политика во техничката Влада, во континуитет се одвиваат редовните и вонредните инспекциски надзори во градинките. Сепак и покрај тоа што градинките само побараа родителите да ги ажурираат вакциналните картони на децата, тие немаат право да ги вратат децата кои се невакцинирани.

Тие прават контроли, проверка на досиеата на дечињата кои се запишани, поточно според правилникот треба треба да постои вакцинален картон и сите примени вакцини согласно возраста на детето кое е примено, изјави Ѓоко Велковски, министер за труд и социјална политика.

И што покажаа Вашите податоци колку деца се невакцинирани или делумно вакцинирани?

Значи статистички податоците, согласно извештаите кои ги доставуваат од инспекцискиот совет до нас ќе ги имаме наскоро. Но во моментов правиме контрола за да немаме дечиња кои се присутни, а ги немаат сите документи во прилог на досието, значи тоа е првиот начин за спречување на ширењето на големата кашлица и деца кои не се вакцинирани да бидат примени во градинка. И таму можеме да спречиме да одат работите во нагорна линија и болеста да прогресира.

Во меѓувреме Комисијата за здравство на ВМРО- ДПМНЕ реагираше дека доколку се имаат предвид препораките на Комисијата за заразни болести во кои стоеше дека Институтот за јавно здравје треба да изработи стручно упатство и протоколи за постапување и  покрај тоа што се поминати 10 дена, се уште истите не се изработени и доставени до  болниците и центрите за јавно здравје за постапување со сомнителни случаи на пертусис.

Во телефонски разговор за Телма директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети вели дека интензивно се работи на подготовка на упатствата и протоколите и истите ќе бидат утре доставени до центрите за јавно здравје. Мемети потенцира дека станува збор за сериозен и одговорен потфат во кој се вклучени микробиолози и епидемиолози и уште на почетокот било речено дека за тоа се потребни минимум десет дена.

Во врска со останатите забелешки на Комисијата за здравство на ВМРО- ДПМНЕ кој е надлежен да прогласи епидемија и од кога Комисија за заразни болести која е советодавно тело на министерот стана и советодавно тело на Центрите за јавно здравје и на епидемиолозите, Министерството за здравство со одговор:

Епидемиолошката состојба беше разгледувана на Комисијата за заразни болести, на неа присуствуваа и претставници на ЦЈЗ Скопје и заеднички беше усвоена препорака да се прогласи епидемија на голема кашлица на територија на ЦЈЗ Скопје со цел засилено спроведување на противепидемиските мерки. Во Законот за заштита на население од заразни болести постои дефиниција што е епидемија, кој прогласува и кога треба да се прогласи, а Комисијата за заразни болести работи според законот, порачаа од Министерството за здравство. 

 

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во моментов се хоспитализирани 3 деца со потврден пертусис чија состојба е стабилна, велат лекарите.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе