Вести Македонија

Села: Имаме мнозинство за разрешување на министрите Меџити и Алиу

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во изјава за медиумите истакна дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, фатмир Меџити и Азир Алиу.

Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска Комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците, рече Села.

На новинарско прашање дали очекува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да присуствува на утрешното партиско Собрание, Села потенцира дека го поканил уредно како и сите други членови на Централното Собрание.

Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местот му е да дојде таму, изјави Села.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе