Вести Свет Топ вести

Напад врз туристи во Париз, едно лице загина

Едно лице е убиено, а две други се повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека нападот бил извршен врз туристи околу Кеј де Гренел, недалеку од Ајфеловата кула.

Тој додаде дека уапсен е 26-годишен француски државјанин кој од претходно им бил познат на безбедносните служби.

Осомничениот се приближил до двајца туристи и избодел германски државјанин до смрт, рече тој.

Напаѓачот потоа со чекан нападнал уште две лица пред да биде запрен со електрошок и уапсен.

Дарманин рече дека напаѓач пред да почне со својот „поход“ извикувал „Алах Акбар“,а подоцна на полицијата и рекол дека е вознемирен бидејќи „толку многу муслимани умираат во Авганистан и Палестина“.

Тој рече дека осомничениот бил осуден на четири години затвор во 2016 година за планирање напад и бил баран од француските безбедносни служби.

Исто така, познато е дека човекот страдал од психијатриски нарушувања, рече Дарманин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе