Вести Свет Топ вести

Во крвта на деца регистрирано зголемено ниво на олово – јаделе бебешка храна од неколку производители

Американските здравствени власти ги предупредуваат лекарите да внимаваат на можни случаи на труење со олово кај мали деца низ целата држава. Предупредувањето е упатено откако најмалку 22 мали деца во 14 држави покажаа симптоми на труење со олово.

Се верува дека труењето е предизвикано од пакување со пире од јаболка и компот од јаболка загадени со олово. Деца на возраст од 1 до 3 години биле погодени, а најмалку едно имало ниво на олово во крвта осумпати повисоко од нивото кое генерално се смета дека предизвикува загриженост, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести.

Нивото на олово во крвта на заболените деца се движело од четири до 29 микрограми на децилитар.

Пријавените симптоми вклучуваат главоболка, гадење, повраќање, дијареа, промена на нивото на активност и анемија.

Веќе се повлечени пакетите со пире од јаболка од брендот WanaBana за деца и од Schnucks и Weis. Производите се продавале во продавници и онлајн.

Од 7 ноември, има случаи на труење со олово кај мали деца во државите Алабама, Арканзас, Луизијана, Мериленд, Мисури, Ново Мексико, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Јужна Каролина, Тенеси, Тексас и Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе