Вести Свет

При копање тунел во Индија, затрупани се повеќе од 30-тина работници-полицијата соопшти дека тие се живи

Сè уште трае спасувачката акција за извлекување на повеќе од 30-тина градежни работници. Tие се затрупани со тони земја, додека работеле на копање тунел во северниот дел на Индија.

Сите работници се живи и на безбеден дел, а обезбеден им е кислород и вода преку цевка, па дури и суви оброци, соопшти полицијата, која во текот на ноќта стапилa во контакт со нив.

Точната бројка на затрупани работници не е потврдена. Повеќе од 150 спасувачи користат опрема за дупчење и багери за да ги расчистат остатоците.

Колапсот на земјиштето се случи вчера во Утараханд, планинска држава преполна со хинду храмови кои привлекуваат многу аџии и туристи.

Заробените работници биле дел од градежниот проект, кој треба да поврзува неколку места за аџилак.

Урнатиот дел од тунелот долг 4,5 километри е на околу 200 метри од влезот.

Мила Тодоровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе