Вести Македонија

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Вториот круг избори за претседател на државата и парламентарните избори започнал навреме и без било какви проблеми на гласачкото место 2640 во скопската  општина Карпош кое го посети нашата екипа.

Ова го кажа претседателката на избирачкиот одбор , на ова гласачко место на кое право на глас имаат над 800 граѓани.

Според Даниела Јовчевска – Михајловска иако немаа прецизна бројка за излезноста на гласање , повеќе гласачи се појавиле утрово на гласачкото место во однос на првиот круг од претседателските избори.

Граѓаните кои од утрово дојдоа да гласаат на гласачкото место 2640 велат дека очекуваат мирни, демократски избори без инциденти, а од идните победници очекуваат да придонесат за просперитетот на дрзавата.

Над 1.814.000 граѓани имаат право на глас за вториот круг од претседателските избори, а над 1.815.000 граѓани гласаат на парламентарните избори.

Разликата во бројот на гласови е поради оствареното право на глас на лицата кои стекнале полнолетство. Изборниот ден ќе се реализира на 3.480 гласачки места низ целата дрзава, а над 1.800 домашни и странски набљудувачки ќе го следат изборниот ден.

Сотир Трајков

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе