Вести Свет

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна вчера во Белград. Тоа е негова втора посета од европска турнеја по државната посета на Франција.

Кинеската државна телевизија CCTV јави дека претседателот пристигна во Белград со специјален авион, со цел да престојува во државна посета на Србија. Си, по дводневната посета на Франција на чело на делегација од 400 лица, пристигна во Белград каде ќе разговара за подобрување на билатералните односи и соработка.

Членовите на кинеската делегација составена од министри и претставници на институциите, попладнето на белградскиот аеродром ги пречекаа министрите за финансии и за внатрешна и надворешна трговија Синиша Мали и Томислав Момировиќ.

Пред Палатата Србија во Нов Белград, утре ќе има свечен прием на претседателот на Кина, по што ќе следи средба со Вучиќ, пленарна средба на делегациите и потпишување на Заедничката изјава и размена на потпишани билатерални документи.

Владата на Србија на денешната седница усвои повеќе документи, како што се меморандуми за разбирање за соработка и протоколи меѓу Србија и Кина во областа на инфраструктурата, земјоделството, информациите и телекомуникациите и туризмот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе