Вести Македонија Најважни

Избирачките места утрово отворени, гласањето почна во 7 часот

Во 7 часот почна гласањето на  вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори.

Од ДИК информираат дека досега нема пријавено никакви проблеми со отворањето на избирачките места.

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.

Ден пред изборите, вчера први гласаа болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и пријавените од дијаспората,  но само за претседателските избори.

ДИК информираше дека вкупната излезеност од гласањето во странство за претседателските избори до 19 часот изнесува 652 гласачи, односно 25.38 отсто.

Напоменуваат дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде се уште трае гласањето.

Во дијаспората не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.

На вкупно 14-те гласачки места во казнено-поправни установи вчера своето гласачко право можеа да го остварат 2.147 гласачи за претседателските избори и 2.140 гласачи за избор на пратеници во Собранието.

Во текот на вчерашниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеле да го остварат и двајца  гласачи кои се водат како внатрешно раселени. Овие лица го оствариле своето право и за двата вида на избори.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8.926 односно 80.45 отсто болни или немоќни лица за претседател на државата, односно 10036 или 92.04 отсто за пратеници во законодавниот дом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе