Вести Македонија Топ вести

Гласачките места отворени на време, доцнеше почетокот на избирачко едно место во Тетово поради проблеми со апаратот за идентификација

Во општина Гостивар изборниот процес за редовните парламентарни избори и втор круг од претседателските избори започна навреме и првиот час од отворањето на избирачките места се одвива без проблеми, информираат од ОИК Гостивар.

Правото на глас денеска ќе го искористат 81.517 запишани избирачи за претседателските избори и за претставници во Собранието, 81 612 граѓани.

Во општините Струга и Вевчани сите избирачки места се отворени навреме, точно во 7 часот и гласањето за парламентарните и вториот круг од претседателските избори тече нормално, информираат претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска.

Гласањето почнало на време и се било во најдобар ред и на трите избирачки места во Вевчани, каде право на глас во единствениот избирачки список имаат 2.072 лица.

Во Струга и струшко вчера во домашни услови гласале 267 болни и изнемоштени лица за вториот круг од претседателските избори и 281 за парламентарните, додека во Вевчани деветмина го оствариле гласачкото право за избор на претседател на државата и за пратеници.

Во општините Охрид и Дебрца сите избирачки места се отворени, а гласањето и изборниот процес се одвива непречено и без какви било нерегуларности.

Според информациите од ОИК во Охрид, отворени се сите 87 избирачки места, така што граѓаните можат непречено да го дадат својот глас за еден од двајцата кандидати за претседател на државата, како и за некоја од листите за пратеници во Парламентот. Според ОИК, задоцнување во отворањето на гласањето имало само на едно избирачко место и тоа поради технички причини.

Откако биле отстранети причините изборниот процес се одвива непречено.

Како што информираат од ОИК Дебрца, отворени се и сите 23 гласачки места во атарот на Општината, а гласањето се одвива непречено.

Во главниот избирачки список за денешните Парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 избирачи додека за вториот круг од Претседателските 51.717 избирачи, информираат од ОИК. Разликата во бројката на запишани избирачи е поради тоа што 148 од првиот круг од Претседателските избори стекнaлe полнолетство и тие имаат право да гласаат само на Парламентарните избори. Што се однесува на гласањето вчера, правото не го искористиле едеинаесет од вкупно пријавените 239 избирачи.

Според главниот избирачки список, за Парламентарните избори во Дебрца е запишани 4.001 избирач, додека за вториот круг од Претседателските избори 4.009. Во текот на вчерашниот ден своето право на глас го искористиле 33 од 34-те пријавени изнемоштени и лица со посебни потреби од Дебрца.

Во Делчево навреме отворени 36 избирачки места на кои денес можност имаат да гласаат 14.515 евидентирани избирачи за вториот круг од претседателските избори и 14.569 граѓани кои своето право на глас можат да го остварат на парламентарните избори 2024.

Во Делчево вчера од 220 пријавени болни и изнемоштени лица во вториот круг од претседателските и парламентарните избори 2024 во домашни услови гласале 209 лица.

Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе