Вести Свет Топ вести

Беше увертира во обединувањето на Германија – денеска се навршуваат 34 години од падот на Берлинскиот ѕид

На денешен ден (9 ноември) пред 34 години беше отворен и урнат Берлинскиот ѕид што беше увертира во процесот на обединување на Источна и Западна Германија.

Берлинскиот ѕид беше долга бариера која го делеше западен од источен Берлин и оневозможуваше премин на луѓе од Источна во Западна Германија и обратно.

Водечките луѓе на Демократска Република Германија (Источна Германија) одлучија да им дозволат на своите граѓани да можат слободно да одат во западниот дел на земјата, но одлуката требаше да стапи на сила од наредниот ден. Но, Гинтер Швабовски, партиски шеф на источен Берлин, не присуствуваше на седницата на која се носеше одлуката, па пред насобраните новинари беше објавено дека „одлуката важи од денеска“.

Западногерманските ТВ станици веднаш ја објавија сензационалната вест, па луѓето од двете страни со голема возбуда тргнаа кон ѕидот. Притоа наидоа на неинформираните стражари кои ги запреа, но не за долго, бидејќи притисокот за минување на границата беше преголем.

Никој од партиските челници не сакаше да донесе одлука за примена на сила што резултираше со пропуштање на топлата.

Луѓето од источен Берлин беа дочекани од воодушевени граѓани со шампањско од другата страна на ѕидот. Жителите на двата дела потоа почќнаа да се качуваат на него и да играат. Имаше и такви кои земаа чекан во раце и кршеа делови од него за спомен.

Денешниот ден не е празник во Германија, бидејќи на истиот датим во 1938 година озлогласената Кристална ноќ во која беа нападнати голем број на Евреи во Германија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест

Дејан Дејан

Кривична за поранешен скопски градоначалник за злоупотреба на службената положба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе