Вести Економија Македонија Топ вести

Во 13 часот состанок во Министерството за финансии, ќе се одлучува за поскапувањето на осигурителната полиса за возилата

Околу 13 часот во Министерството за финансии треба да се одржи средба помеѓу претставниците од Национално биро, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурениците, на која ќе се одлучува за поскапувањето на задолжителната осигурителна полиса за возилата.

Ова ќе биде тема и на наредната седница. Според, владини извори најверојатно ќе се носи нов  тарифник и на тој начин ќе се вратат старите цени на овие полиси.

Инаку,владата има надлежност во носењето на цените на осигурувањето во цената на зелениот картон, во методологијата, но и во утврдување на максималните граници на режиските трошоци на осигурителните компании.

Минатата недела осигурителните компании одлучија да ја зголемат нивната цена  за  15, 4 процени со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците растат.

На ова реагираа од Агенцијата за супервизија на осигурениците  од каде тврдат дека покачувањето е неосновано. Од финансии  пак соопштија дека денеска ќе се проверува оправданоста.

Минатата  година за провизии за продавачи кои  ги ангажираат компаниите за осигурување исплатени се 11, 5 милиони евра. Ова осигурување е задолжително, неговата цена е регулирана и ја утврдува државата, па се поставува прашањето зошто компаниите од овој бизнис имаат потреба од вакви посредници кои ги плаќаат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 16.5.2024

Дејан Дејан

Охридското обвинителство ги истражува причините за смртта на 7-месечното бебе од Вевчани

Дејан Дејан

Снаата пронајдена мртва, деверот почина на клиника – двојно убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе