Вести Македонија Топ вести

Кривична за поранешен скопски градоначалник за злоупотреба на службената положба

Поранешен скопски градоначалник заработи кривична пријава под сомнеж дека го злоупотребил буџетот на општината за речиси 11 илјади евра, средства кои му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на спортско игралиште во средно училиште.

Министерството за внатрешни работи, преку соопштение, информира дека Одделот за криминалистичка полиција спровел предистражни дејствија бидејќи како што рекоа за осомниченото лице, за коe постои сомнеж дека извршил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Според информациите на МВР лицето иако не било надлежно предвидло реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, притоа знаејќи дека средните училишта, согласно Законот за средното образование, се во надлежност на градот Скопје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Членовите на ДИК пријавија дека не се чуствуваат сигурни – тврдат дека трпат закани од преставници на техничката влада

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе