Вести Свет

Санчез ќе продолжи да ја извршува премиерската функција

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска соопшти дека ќе продолжи да ја извршува функцијата по неколкудневно размислување, откако против неговата сопруга беше поднесена кривична пријава за корупција од страна на крајната десница во земјата.

Минатата недела премиерот Санчез ја шокираше шпанската јавност, објавувајќи дека ќе ги откаже сите активности и пет денови воопшто нема да доаѓа на работа, период кој според него му беше потребен да размисли дали сака и понатаму да ја извршува функцијата.

Кривичната пријава против неговата сопруга Бегоња Гомез која беше поднесена од крајно десничарската правна платформа „Чисти раце“, подоцна беше повлечена и поднесувачите признаа дека биле погрешно наведени да поверуваат во вистинитоста на обвинувањата.

Ова е втор мандат на Санчез како премиер на Шпанија. Првата влада ја формираше во 2018 година, а минатата година доби втор мандат откако во ноември успеа да формира ново мнозинство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Дејан Дејан

Обвинителство: Во завршна фаза е истрагата за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Дејан Дејан

Спречен шверц на злато од Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе