Вести Свет

Нов план за раст за Западен Балкан- Брзината сега е од суштинско значење

Брзината сега е од суштинско значење и целта е планот за раст на Западен Балкан да почне да дава резултати веќе следната година. Ова е главната порака од планот за раст на Западен Балкан, кој за првпат се објавува заедно со извештаите за напредокот на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ и Косово.

Европската комисија силно верува дека проширувањето останува клучна политика на Европската унија, а особено дека полноправното членство во ЕУ за Западен Балкан е во политичките, безбедносни и економски интереси на Унијата, но руската агресија врз Украина изврши значителен притисок врз економиите на овие шест држави, создавајќи ризици за нивната стабилност, се наведува во овој дел од извештајот на ЕК за растот на Западен Балкан.

Оливер Вархеј, еврокомесар за проширување (титл) 15:20- 15:46

-Со овој план ние можеме да му помогнеме на регионот да го подигне БДП барем за една третина. Преку заедничкиот регионален пазар и преку финансиската поддршка ние мислиме дека навистина ќе го поттикнеме регионот. Поттик кој ним им е потребен и поттик кој нам ни е потребен.

Економското приближување до ЕУ е суштински елемент за земјите од Западен Балкан. Во моментов, нивото и брзината на конвергенција меѓу партнерите од Западен Балкан и ЕУ не се задоволителни – ниту во однос на реформските процеси, ниту во социо-економската конвергенција – и го кочи нивниот напредок на патеката на ЕУ.

Европската Комисијата предлага нов план за раст за Западен Балкан заснован на четири столба кој содржи нов инструмент, односно 6 милијарди евра неповратна поддршка.

 Нов план за раст за Западен Балкан

1) Подобрување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската унија, под услов Западен Балкан да се усогласи со правилата на единствениот пазар и истовремено да ги отвори соодветните сектори и области за сите нивни соседи, во согласност со Заедничкиот регионален пазар;

2) Зајакнување на економската интеграција во Западен Балкан преку Заедничкиот регионален пазар“, врз основа на правилата и стандардите на ЕУ.

3) Забрзување на фундаменталните реформи, вклучително и на кластерот за основи, поддршка на патот на Западен Балкан кон членство во ЕУ, подобрување на одржливиот економски раст, вклучително и преку привлекување странски инвестиции и зајакнување на регионалната стабилност;

4) Зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите преку Фонд за реформи и раст за Западен Балкан, нов инструмент во вредност од 6 милијарди евра неповратна поддршка и поддршка за заем.

Во извештајот на ЕК е наведено дека се потребни се инвестиции во модернизација на економијата, како и во инфраструктурата, за што е потребна дополнителна финансиска помош. Во исто време, основните реформи, вклучително и зајакнувањето на владеењето на правото и основните права.

Овој нов план за раст на Западен Балкан напишан на 16 страници се надоврзува на постоечката методологија за проширувањето и создава пакет мерки за заемно зајакнување кои ќе ја мултиплицираат потенцијалната корист од секоја мерка.

Еден од делови во Планот за раст предвидува преквалификација и усовршување, односно можности за вработување и обука за жителите од сите земји на Западен Балкан. Поттикнување на соработката за стручно образование и обука, особено за стажирање. На младите да им се олесни да студираат во странство преку олеснување на признавањето на академските квалификации и периодите на мобилност.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителство – Генерално мирен изборен ден без поголеми нарушувања

Дејан Дејан

Арбер Адеми не гласал за претседател, а ДУИ очекува 20 пратеници во Собранието

Дејан Дејан

Муцунски: Отворениот повик на ДУИ за бојкот не успеа, извесно е дека партијата ќе оди во опозиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе