Вести Ковид19 Свет

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

АстраЗенека соопшти дека иницирала отповикување на вакцините за Ковид-19 ширум светот поради „вишокот достапни ажурирани вакцини“ од пандемијата.

Соопштението доаѓа откако фармацевтската компанија доброволно го повлече одобрението за пласирање на лекот на пазарот во Европската унија во март.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека вакцината повеќе не е одобрена за употреба. Во соопштението за печатот, АстраЗенека вели дека одлуката е донесена затоа што сега има голем број нови достапни вакцини кои се приспособени на новите варијанти на коронавирусот. Ова доведе до пад на побарувачката за вакцината на АстраЗенека, која повеќе не се произведува ниту се испорачува.

„Со оглед на тоа што оттогаш се развиени повеќе варијанти на вакцината за Ковид-19, има вишок на ажурирани вакцини на располагање“, информира компанијата, додавајќи дека ова доведе до пад на побарувачката за Vaxzevria, која повеќе не се произведува ниту се испорачува

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе